дома Актуелно СРЕЌНА НОВА ГОДИНА: Инфомакс.мк ви посакува среќна Нова Година!

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА: Инфомакс.мк ви посакува среќна Нова Година!

Новата година пристигна и кај нас! Екипата на Инфомакс.мк ви посакува многу успех, здравје, среќа и љубов во Новата 2017-та година.

Со музика, забава, огномети и многу петарди Македонија ја дочека Новата 2017-та година.

Оваа година поголемиот дел од градските плоштади останаа празни, откако на иницијатива на локалните власти беа откажани Новогодишните прослави, а средствата пренаменети во хуманитарни цели.

Сепак, тоа не ги спречи граѓаните Новата Година да ја дочекаат во весела атмосфера, претежно во семејно опкружување, или пак на забава во некој од многуте локали кои нудеа најразлична Новогодишна програма.

Бидете оние кои секогаш ќе зрачат со радост, подарете насмевка на оние кои имаат потреба од тоа, бидете заљубени, успешни, помудри и самоуверени. Бидете здрави и живи, безгрижни и весели.

Среќна Нова 2017-та година!