дома Балкан Српската пpeмиepкa пpвa ќe бидe “6oцкaнa”: Брнабиќ ќe бидe вakциниpaнa yтpe вo...

Српската пpeмиepкa пpвa ќe бидe “6oцкaнa”: Брнабиќ ќe бидe вakциниpaнa yтpe вo 11 чacoт вo инcтитyтoт Торлак

Првите граѓани на Србија утре во 11 часот ќе ја примат вакцината „Фајзер“ , која вчера беше доставена кај нашиот северен сосед.

Првите дози ќе ги примаат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

Меѓу првите во Србија што ја примат вакцината Фајзер ќе бидат и неколку владини претставници.

Според неофицијалните информации, премиерот на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за труд, вработување, работи на боречки и социјални права, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, ќе бидат вакцинирани против коронавирусот утре во институтот „Торлак“ .

Не можеме да се натпреваруваме со земјите од ЕУ, ние плативме над четири милиони евра за програмата Ковакс, ги подмиривме сите обврски. Од јануари, ќе започнеме со масовна вакцинација, кога ќе го кажам тоа, мислам на стотици илјади, можеби дури и милион за вакцинирање – рече српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Се работи за вакцината „Фајзер-Бионтек“, која пристигна во Србија вчера. Станува збор за првите 4.875 дози, а во јануари, февруари и март ќе пристигнат уште повеќе дози, вели Вучиќ.

Инаку првите дози на фајзеровите вакцини пристигнаа вчера во Србија. Авионот со првите 4800 дози од вакцината вчера околу 10 часот слета на аеродромот Никола Тесла, а потоа со почитување на таканаречениот ладен синџир од транспорт и складирање, вакцините се префрлени во институтот Торлак.