дома Балкан Српскиот абасадор во Бугарија повикам во бугарското МНР поради изјавите за злocтopcтвата...

Српскиот абасадор во Бугарија повикам во бугарското МНР поради изјавите за злocтopcтвата на Бугарија

Српскиот амбасадор во Бугарија Жеjко Јовиќ беше повикан во бугарското Министерство за надворешни работи поради изјавата на професорот Драган Симеуновиќ, вршител на должноста директор на владината Академија за национална безбедност, кој зборуваше за злосторствата на Бугарите во ТВ-емисија, пренесува Бугарското национално радио.

Според бугарските медиуми, Симеуновиќ постојано ги обвинувал Бугарите за злоупотреба на деца и силување за време на интервјуата за Националната телевизија.

„Бугарите се познати по злосторствата што ги правеа каде и да одеа. Германците убиваа, а Бугарите се изживуваа со луѓето и го мачеа. Тие дури силуваа“, рече политички аналитичар, пишуваат бугарските медиуми.

Според бугарската страна, изјавите на Симеуновиќ се јасен пример за употреба на јазик што шири омраза кон Бугарија и Бугарите.

Бугарија очекува соодветна реакција од српските власти и институции, се вели во соопштението.