дома Балкан СРПСКИТЕ МЕДИУМИ ДОЗНАВААТ: Еве кога тeлoтo на Шабан Шаулиќ ќе биде вратено...

СРПСКИТЕ МЕДИУМИ ДОЗНАВААТ: Еве кога тeлoтo на Шабан Шаулиќ ќе биде вратено во Србија

Веднаш по веста дека таткото Шабан зaгинaл, Санела и Михајло Шаулиќ се упатиле кон белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и со првиот лет заминале за Германија за да го превземат тeлoтo на пoкojниoт татко кој, како што дознава Пинк.рс, денес, најдоцна утре би требало да биде донесено во Србија

Според сознанијата на Пинк.рс од извори блиски до семејството на пејачот, постојат два можни начини тeлoтo на Шабан да се донесе во Србија, а договорено е тоа да биде најбрзиот и најефикасниот начин.

– Санела и Михајло се таму, сите се на врска со нив. Постојат две варијанти – тeлoтo денес да биде пренесено со автомобил, а тие да се вратат утре со авион. Меѓуоа, како што слушнав, сепак и тeлoтo на Шабан ќе биде префрлено со авион, со редовен лет. Е сега, никој не може точно да знае кога ќе биде тоа, денес или утре… – пренесува Пинк.рс од извори блиски до семејството.