дома Балкан СРПСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ СЕ УПАТИЛЕ КОН ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: Војска и специјални сили...

СРПСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ СЕ УПАТИЛЕ КОН ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: Војска и специјални сили упатени кон административната линија со Косово!

Српските медиуми извстуваат дека е забележано преместување на безбедносни сили кон административната линија на југот на Србија кај Косово

Граѓаните на Србија кои живеат недалеку од административната линија со Косово, јавувуваат дека забележале движење на војската, а според пишувањето на медиумите, се работи за припадници на САЈ (Специјални антитерористички единици), а не војската на Србија.

Денес попладне, граѓаните забележале поместување на безбедносните единици кон административната линија.

На излезот од Крагујевац кон Краљево се забележани четири оклопни возила кои се движеле со полициска придружба.

Ова информација за локалните медиуми ги потврдиле и неофицијални извори.

Косовските медиуми пак, од друга страна, трдат дека во близина на административната линија се забележани припадници на војската на Србија. Сајтот „Косова јон“ објавил дека Србија има распоредено околу 2.000 војници долж административната линија, но оваа информација требало да се земе со голема резерва.