March 28, 2024, 10:36 pm

Српски eпидeмиoлoг: Пpeнocливocтa нa дeлтa сojoт e пoгoлeмa, нo штo знaчи тoa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот вирусолог и микробиолог д-р Миланко Шеклер ги дефинираше клучните разлики меѓу делта сојот и претходните соеви, подвлекувајќи го својот став за кој вели дека е оптимистички, но со доза на претпазливост.

–Делта сојот, или како што претходно беше наречен индиската варијанта е една од формите на коронавирусот која е различна од другите. Информациите за овој сој ние засега ги црпиме од Велика Британија. Тие имаат скоро сто проценти новозаразени токму со тој вид, а причината за тоа е што тие имаат голема субпопулација на Индијци и сосема е логично тој вид да се појави таму , изјави Шеклер за ТВ Прва.

“Што се однесува до неговата заразност, промената што ја има, сè укажува на полесно пренесување, потребна е помала количина на вирус за да се заразиме. А, заразените потоа лачат повеќе вируси отколку кај другите варијанти”, вели тој.

-Преносливоста е поголема и треба да нè интересира само фактот дека сите вакцини продолжуваат да штитат и дека дистанцата, маските и проветрувањето на просториите се клучни во превенцијата, рече д-р Шеклер.

Тој вели дека неговиот став е близок до ставот на англиските експерти, кои сметаат дека патогеноста на полесно преносливиот вирус ќе биде помала.

-Нил Фергусон, инфектолог од Англија, вели дека овој вид ќе има помала смртност, иако преносот е поголем. Јас се согласува со ова, сепак велам претпазливо, не би бил изненаден ако е тоа така. Помала патогеност, но поголема преносливост , вели д-р Шеклер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This