дома Свет СТАВЕТЕ КРАЈ НА ОПЕРАЦИЈАТА ВО АФРИН: ОН ја повика Турција да се...

СТАВЕТЕ КРАЈ НА ОПЕРАЦИЈАТА ВО АФРИН: ОН ја повика Турција да се повлече од воената операција во сириски Африн

Официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Стефан Дижарик повика на крај на воената операција која ја спроведуваат Вооружените сили на Турција во сириски Африн

„Неопходно е да се прекине таа воена операција. Што повеќе битки, тоа помалку пристап до луѓето на кои им е потребна помош“, рече тој.

„Секој нов ден борби носат нова трагедија. Со секој ден борби расте и ризикот за конфронтација помеѓу различни сили во овој судир“, вели Дижарик, коментирајќи ја ескалацијата на ситуацијата во Африн.

Извор во силите на сириските востаници претходно рекол дека востаниците влегле во Африн и се спремни за судир со турската војска. Подоцна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека востаниците се повлекле од Африн откако биле мета на артилериски оган од турска страна.