Стапува на сила шеријатскиот закон во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанскиот водач Хајбатула Ахунџад рече дека земјата ќе биде управувана со шеријатски закон и дека Авганистан е посветен на почитување на сите меѓународни договори кои не се во спротивност со исламските закони и националните вредности.
„Сакаме силни и здрави односи со соседите и другите земји, базирани на почит и меѓусебна соработка. Нашите односи со тие земји ќе се базираат на интересите и придобивките од Авганистан. Посветени сме на меѓународните закони и договори, резолуции и обврски, кои не се во спротивност со исламскиот закон и националните вредности“, се вели во соопштението.
Исто така, во „Исламскиот емират“ (како што Талибанците го нарекоа политичкиот систем во земјата), ќе бидат преземени сериозни чекори со цел да се заштитат човековите права и правата на малцинствата „во рамките на исламот“, наведува Ахунџад.

Странските дипломати, амбасади, конзулати, хуманитарни организации и инвеститори нема да се соочат со проблеми и можат мирно да работат во Авганистан, уверува талибанскиот лидер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This