дома Социјални Мрежи СТАРИТЕ НАВИКИ ТЕШКО СЕ ЗАБОРАВААТ: Али Ахмети со пиштол се шета по...

СТАРИТЕ НАВИКИ ТЕШКО СЕ ЗАБОРАВААТ: Али Ахмети со пиштол се шета по село, МВР и ОЈО не реагираат

На социјалните мрежи се појави фотографија од лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која се гледа дека во појасот носи пиштол. Како што стои во објаснувањето на фотографијата, која ја објавија и дел од албанските портали, Ахмети бил во неговото родно село каде што го посетил блиското бачило

Од ДУИ не даваат одговор дали Ахмети има дозвола за пиштолот, а дури и да има, во Македонија нема можност за добивање на дозвола за носење на оружје, туку само за поседување.

Ниту МВР ниту јавното обвинителство сеуште немаат никаква реакција за ваквото однесување на Ахмети, иако фотографијата е стара најмалку една година.