дома Македонија СТАТУС НА ДЕНОТ: Охридски мислител најде решение за патните трошоци на пратениците

СТАТУС НА ДЕНОТ: Охридски мислител најде решение за патните трошоци на пратениците

Охриѓанецот Иљче Затаракоски тврди дека има решение за патните трошоци на пратениците во Собранието.

“Пази вака, купвиме 120 магариња и ем пратениците ќе се возат еколошки, ем ќе има кој да ги замени кога не можат да дојдат на седница”, предлага Затаракоски кој важи за еден од најлуцидните коментатори на македонките социјални мрежи.

Неговиот коментар доаѓа откако по 3 години на власт СДСМ пред изборите предложи да се укинат патните трошоци за пратениците, идеја која лани прва ја промовираше кандидатката за претседател на Македонија професорката Гордана Силјановска.