дома Македонија СТЕВАНАНЏИЈА ДО ТУФЕГЏИЌ: Студентите кои ги лажеше сега штравови јадат, снимавте спотови,...

СТЕВАНАНЏИЈА ДО ТУФЕГЏИЌ: Студентите кои ги лажеше сега штравови јадат, снимавте спотови, а немате една шајка ставено!

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија жестоко ја критикуваше својата пратеничка колешка, Ивана Туфегџиќ која во предизборието беше дел од шарената револуција , студентскиот пленум и имаше низа ветувања за подобрување на студентскиот стандард. Тој истакна дека условите во студентските домови се катастрофални, студентскиот стандард е во слободен пад и ниту едно од предизборните ветувања на СДСМ не е реализирано.

-Студентите штрафови јадат, студентите кои што вие во предизборието заедно со вашиот колега снимавте спотови, снимавте спотови пред студентските домови и им ветувавте на студентите тоа што ви го читав, на нивните родители, на нивните баби и дедовци. Абе шајка немате ставено. Која комисија ќе ја прави внатрешната собраниска комисија да биде надзор. Како ќе се појавиш ти во студентски дом кога си ги лажела студентите? Наша улога е ние да ги контролираме директорите. Не може да го најдеме, на журка е во Белград. Ние да ги контролираме директорите и министрите дали работат или не? За што земаат плата? Што значи тоа? Комисијата за одбрана и безбедност да оди да расчистува убиства? Да прави надзор? Комисијата за труд и социјала да ги следи проектите на Боки 13-ка?, прашува Стевананџија.