Стефанова место да го гони тој што ги купил Плацевите на Водно, ги гони Груевски, Камчев и Мијалков кои никаде не се споменуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, главен и одговорен уредник на „Инфомакс“, на социјалните мрежи го коментраше судењето за предметот „Плацеви на Водно“, односно отсуството на било какви докази кои ги поврзуваат обвинетите со кривичното дело. Митовски посочи дека тој што ги купил имотите, не само што не е на обвинителната клупа, туку е и главен сведок.
За баналноста на Македонското судство, кое стана обична черга за корумпираното политичко миље, најрепрезентативно зборува процесот “Плацеви на Водно”.
Кривичното дело кое се гони е за злоупотрба на пари од ВМРО-ДПМНЕ, со кои наводно Никола Груевски купил плац на Водно.
Арно ама, до сега не видовме ниту еден доказ со кој обвинителството се обидува да докаже колку пари имало во партиската каса во тој момент, за потоа да може да докаже и дали недостасувале пари во истата каса, како предикатив дека истите на некој начин биле префрлени во фирмата која го купила плацот.
Е сега, Стефанова не се ни обидува да ја докаже предикативноста на делото, без која не може ни да се докаже дека воопшто имало некаква можност за нешто сомнително.
Во целиот овој период на изведување докази, што е уште побанално, никаде не се споменуваат Орце Камчев и Сашо Мијалков, но се притворени цели 10 месеци. Брука.
Но што е најстрашно, оној кој ја направил целата нелегална трансакција Александар Ивановски – Алек Теранова, е главен сведок на Лиле Стефанова.
Да разјаснам, плацевите на Водно, Алек Теранова ги купил на јавна аукција на која учествувале две фирми – “ИКТ Инженеринг” и “Порта инженеринг”. Едната фирма на Алек, другата фирма на неговата секретарка Тања Стојановска. Значи на аукцијата се појавил Алек Теранова со две негови фирми, со едно зголемување на цената – минимално, за да се изглуми аукција, и потоа ги купил плацевите.
Истиот овој сведок на Лиле Стефанова, кој би требало да е обвинет, купувал и станови и префрлал имот на фирмата на неговата секретарка, за да ги сокрие во бракоразводнста парница за да не може неговата тогашна сопруга да ги присвои.
Е сега, забележувате дека тука никаде не се споменати Камчев и Мијалков? Ниту пак Груевски?
Лиле пак, ја споменува и фирмата “Сирах” која потоа од Алек ги купила плацевите, арно ама сите докази кои ги има укажуваат на тоа дека оваа фирма парите со кои ги купила плацевите се од деловното работење на фирмата.
И сега, кога би имале нормално судство, овој предмет, ваков каков што е би бил фрлен во канта а обвинителот преместен да брка сообраќајни прекршоци, наместо високопрофилиран криминал. За жал, ние имаме черги од обвинители кои им ги чистат чевлите на политичарите кои преку нив си водат лични хирови.
Мизерија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This