дома Македонија СТЕФАН Е НАЈДОБРИОТ СТУДЕНТ НА ОКСФОРД: Знаењето сака да го пренесе во...

СТЕФАН Е НАЈДОБРИОТ СТУДЕНТ НА ОКСФОРД: Знаењето сака да го пренесе во Македонија!

Стефан Петревски е младо дваесетгодишно симпатично момче со позитивна насмевка и соништа кои му се остваруват. Навидум не се разликува од своите врсници. Сака се што сакаат и младите луѓе на негова возраст. Веслање, ноќен живот, излегувања, девојки. Но најмногу од се сака математика.

Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети Оксфорд. Себе си се гледа како човек на кого математиката ќе му биде главна пpeokпација во животот, а иако го пропатувал светот за 24 инфо вели дека знаењето планира да го донесе во својата Македонија.

Каде ја гледаш иднината, некаде во светот или пак би се вpaтил во Македонија?

Дефинитивно во применета математика. Се гледам во математичка генетика, финансиска матемаика, области кои допрва ќе ги откривам. Дефинитивно би се вратил во Македонија но не знам кога и како. Не велам кога ќе се отвори можност зошто и јас истата би можел да ја отворам. Не сум размислувал многу на таа тема. Но сепак иднината ја гледам овде.

Што им препорачувате на младите како да стигнат до интернационално образование?

Програмата од која и јас бев дел се вика Светски обединети колеџи. Во моментов постојат 17 училишта во светот, сега се отвара 18-то. Има на сите континенти, а најблиското кај нас е во Босна во Мостар. Ние сме Македонски национален комитет кој има авторитет од канцеларија во Лондон. Секоја година добиваме по неколку стипендии за деца од трета и 4 година за да може да аплицираат таму. Се изучува АЈ- БИ програма која ја има во две училишта во Македонија.

Извор:скопје24