дома Политика СТЕЧАЈЦИТЕ ПРЕВЕСЛАНИ НА СУВО: 200.000 стечајци нема да добијат ништо, добиваат само...

СТЕЧАЈЦИТЕ ПРЕВЕСЛАНИ НА СУВО: 200.000 стечајци нема да добијат ништо, добиваат само луѓето блиски до СДС!

Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминанта сопственост на државата, познат како Закон за стечајци, беше  усвоено во август 2017  од страната на Владата на Република Mакедонија.

Со овој закон се опфаќаат само минимален број на луѓе, бидејќи СДСМ не ги објави јавно сите услови. Законот опфаќа  лица кои имаат стаж минимум 15-години.

Предлог-законот за стечајци предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година. Невработено лице може да се стекне со правото доколку ги исполнува следниве услови:
– лице кое било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци;
– му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок;
– на денот на влегувањето во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена) односно 55 години (маж);
– работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година;
– остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина.

Да потенцираме дека многу луѓе останаа без работа по вина на тогашните газди, функционери на СДСМ. Во тоа време многу луѓе беа отпуштени од работа безникаков договор.

Да се потсетиме, овие фирми во тоа време беа затворени од СДСМ, кога тие ја направија криминалната приватизација и транзиција. Лицемерието продолжува со тоа што СДСМ и понатаму ја замајува јавноста и глумат безобразни спасители.