дома Актуелно Cтejт Депapтментот ce пoжaли: Владата кopиcти нeлицeнциpaн „Windows“, кopyпцијата е голем пpoблем...

Cтejт Депapтментот ce пoжaли: Владата кopиcти нeлицeнциpaн „Windows“, кopyпцијата е голем пpoблем – потвpдeн и пoлитичkиoт пpoгон

Американскиот Стејт Департмент во својата годишна проценка за инвестиционата клима во Република Македонија ја изрезили Владата која според нив користи нелиценциран оперативен систем за компјутерската опрема од гигантот Мајкрософт „Windows“. Извештајот е за потребите на американските инвеститори, но е значаен показател за актуелните состојби во нашата држава направен од страна на најмоќната држава во светот.

Еве што Стејт Департментот и американската држава мисли за Македонија:

Говорејќи за заштитата на авторските права и интелектуалната сопственост во извештајот стои дека истите често се прекршуваат, а поради слабостите во правосудниот систем ваквите спорови ретко имаат разрешница посочувајќи „Сепак, повеќе од 10 години, Владата користеше нелиценцирани софтверски производи на „Мајкрософт“ и, на почетокот на 2018 година, владата започна разговори за решавање на проблемот. Од март 2020 година, владата продолжи да користи нелиценциран софтвер низ нејзините институции“

Во однос на пандемијата со коронавирусот Американците имаат црна прогноза за Република Македонија.

-Социјалната и економската криза предизвикана од КОВИД-19 ќе има длабоки влијанија врз економијата на Северна Македонија и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Додека се ажурираше извештајот за оваа година, бизнисите отпуштаа вработени, производството беше насочено кон неопходните потреби, а владата започна да воспоставува ограничувања за борба против економските ефекти на КОВИД-19, вклучително и контроли на цените и ограничувања на движењето на луѓето. Вирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година и понатаму, стои во извештајот.

Американските бизнисмени се жалат и на правната несигурност.

-Бизнисмените се жалат дека долгите и скапи трговски спорови преку судскиот систем создаваат правна несигурност. Бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик во Северна Македонија, посочувајќи ја несоодветната извршна контрола врз судството и лошото финансирање на административните судови како големи пречки.

Стејт департментот за Македонија има најмногу забелешки во областа на корупцијата, а според американската држава во Македонија се спроведува селективна правда и политички прогон кон критичарите на власта.

-Северна Македонија има закони наменети за спречување на корупција, злоупотребата на службената положба и судирот на интереси, а владините службеници и нивните блиски роднини се законски обврзани да ги објават своите приходи и средства. Сепак, спроведувањето на законите за борба против корупцијата се слаби и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законие, судството и многу други сектори.

-Многу бизниси кои работат во Северна Македонија, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството, додаваат од Стејт Департментот, стои во извештајот.