(Видео) Директорот на Шилегов- Чомбе води група за yништyвaњe билборди и нacилство, обезбедyвaн од полициja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Насилствата на СДСМ против изборите не застануваат! Вчера во Скопје е нападнат советник на ВМРО-ДПМНЕ, советник од општината Аеродром, воедно претседател на општинскиот младински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерта еден час по полноќ, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во тоа време група предводена од директорот на ЗОО Скопје, директор поставен од Петре Шилегов, познат како Чомбе, при присуство на полиција, води група за оштетување на изборните билборди на ВМРО-ДПМНЕ, што е најстрого забрането со закон.

Да го погледнеме видеото на коешто се гледа како групата на Чомбе во присуство на полиција како сквернави изборен материјал.

Ова е дело против изборите и е забрането. Ова дело против изборите е правено и организирано и спроведено од директор поставен од Петре Шилегов и е направено во присуство на полицијата. Ова е нервоза на терен, знаат дека ги губат изборите и се повеќе се служат со физички насилства. Ова е класична злоупотреба, директор на ЈП, функционер од СДСМ, во присуство на полиција, организира група и дејствува против изборите. Сквернави пропаганден изборен материјал, на јавен простор.

Нападот врз советникот се случува откако е забележано дека советникот ја снимил оваа групата, во ова нивно противзаконско делување. Тој бил заобиколен со возилата од групата предводена од Чомбе, по што следел и физички напад.

Сето ова е пријавено во полициската станица, но во атмосфера и снедемократски систем, кога полициски службеници се користат како партиска милиција за притисок, терор и обезбедување при дело против изборите, како што е ова регистрирано на видеото, за сето ова ќе бидат известени сите релевантни амбасади и меѓународни институции надлежни за набљудување на изборниот процес.

Ништо не може да создаде недемократска и насилна атмосфера, освен режим во својот слободен пад.

Почитувани, ниеден одговор, ниедна гаранција не е посилна од излезност и глас на избори за градење на вистинска демократија.

Ниеден одговор кон режимот и партиските милиции не е посилен од масовна излезност и црвен картон кон режимот.

Останувањето дома е одобрување на сето ова, на криминалот и злоупотребите на системот за партиски цели.

Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!, додава Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This