дома Политика СТОИЛКОВСКИ ДО ЗАБРЧАНЕЦ: Дали има посебна стратегија за лажните вести од СДСМ?

СТОИЛКОВСКИ ДО ЗАБРЧАНЕЦ: Дали има посебна стратегија за лажните вести од СДСМ?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на својот Фејсбук профил објави видео каде советникот на Зоран Заев за односи со јавност Маријан Забрчанец , говори дека владата изработувала стратегија за медиумска писменост „за да населението може да ги препознава лажните вести од партискиот штаб на ВМРО- ДПМНЕ“.

По оваа скандалозна изјава, Стоилковски со прашање до Забрчанец:

Marjan Zabrcanec министерот Роберт Поповски ми вели ти да си одговорел дали има посебна стратегија за лажните вести од СДСМ, и со тоа дали ова е лажна вест?