дома Социјални Мрежи Стоилковски: Е ова е гeбелштина!

Стоилковски: Е ова е гeбелштина!

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи ја коментираше изјавата на Ненад Јовановиќ, кој изјави дека барањето одговорност од премиерот за трагично загинатите во пожарот во тетовската модуларна болница е тенденциозно.

„14 пациенти живи изгореа во болница! Прашањата за одговорност на власта СЕ јавен интерес. Храброста за ваква оценка за прашањата од овој лик може да извира само од лична нарачката од режимот, па и по цена да се гази врз 14 жртви. И ова јавен линч на новинари. Е ова е гебелштина!, пишува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.