April 20, 2024, 12:38 am

Стоилковски: Лукаревска доби висока функција во СДСМ затоа што не наплаќа 1.22 милиони евра данок на фирмите на Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не може да се напредува во СДСМ ако се нема дел или ако не се поддржува, затскрива криминал! Македонија се задолжува, долгот вртоглаво расте, Македонија е во рецесија, економијата е во слободен пад, наплатата на даноците е во лер, ама затоа СДСМ има решение – зголемени даноци за граѓаните! Рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Сања Лукаревска е директор на управата за јавни приходи. Сања Лукаревска знае дека семејни фирмите на Зоран и Вице Заеви должат данок. Сања Лукаревска напредна во СДСМ. Ова е листата на фирмите – должници кон државата, листа на ненаплатени даноци доспеани до септември лани, а ненаплатени до крајот на годината. Листа на должници на УЈП број 1/2021. И наместо да служат за пример за другите, на ова е листа, на листата на неплаќачи на данок се и фирмите на Заеви. На 47-мото место на оваа листа е „Дравас Инженеринг“ ДОО Струмица, со вкупно ненаплатен данок од 41 милион 325 илјади денари, а на 55-тото место е познатата „Сара инженеринг“ ДОО Струмица со 33 милиони 812 илјади ненаплатени денари. Или вкупно над 75 милиони денари, за полесно, фирмите на Зоран и Вице Заеви должат еден милион 220 илјади евра данок кон државата. Внимавајте, семејните фирми на премиерот, кој што ја задолжува државата, не плаќа данок и ги има на листата на должници кон УЈП со над еден милион и двесте илјади евра! А, директорката на УЈП е унапредена во партиската хиерархија на Зоран Заев! Сања Лукаревска, станува десна рака на Заев во СДСМ! Сања Лукаревска е унапредена во раководството кое што предлага зголемување на даноците кон граѓаните! Внимавајте, Лукаревска од УЈП, каде Заеви должат за данок преку еден милион и 200 илјади евра, преку СДСМ најавува повисоки даноци за граѓаните! Истакна Стоилковски.

Оттука главното прашање е дали Лукаревска партиски напредува заради долгот на заевите фирми кон државата од еден милион и 220 илјади евра? Праша тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This