дома Македонија СТОИЉКОВИЌ ЗА ,,ИНФОРМЕР“: Луѓе од српското криминално подземје престојуваат во Скопје на...

СТОИЉКОВИЌ ЗА ,,ИНФОРМЕР“: Луѓе од српското криминално подземје престојуваат во Скопје на сметка на Владата!

Иван Стоиљковиќ, лидер на Демократската партија на Србите во Македонија за „Информер“ вели дека српската амбасада во Скопје има третман на „непријателска земја“.

-Српската амбасада и персоналот се третираат како да се амбасада на Иран, земја која е обвинета за поддршка на тероризам. Заев го покажа свето вистинско лице со пораката дека ќе го поддржи Косово во УНЕСКО, истакнува Стоиљковиќ и потсетува дека Заев во Скопје ги здоми противниците на Вучиќ.

-Тие сега од Скопје прават центар за дестабилизација на Србија. Покрај бизнисмени овде сега има и луѓе од српското криминално подземје. Тие престојуваат во Скопје на сметка на Владата.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вели дека „Македонците ја имаат сега поддршката на странците во ’офанзивното делување кон Србија‘“.