дома Uncategorized Столтенберг го пречека Заев, вели без неговото визионерство Македонија немаше да биде...

Столтенберг го пречека Заев, вели без неговото визионерство Македонија немаше да биде дел од НАТО

Денеска во Брисел, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ја предводи владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на НАТО Самитот 2021.

Македонија за првпат учествува како полноправна членка на Алијансата на Самитот на НАТО кој се одржува во Брисел.

„Ова е историски момент, ова е прв самит на НАТО за Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв Самит за НАТО со 30 членки. Ова е голем успех и за Македонија и за НАТО“, порача Заев.
Според него, членството во НАТО е реализација на стратешката цел на земјата, но дополнително со членство, Алијансата ја подобри безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утрово се осврна на клучните теми кои ќе бидат на маса на лидерите на земјите членки и повтори дека Западниот Балкан е од голема важност за Алијансата.

„Имаме нови земји членки од тој регион во последните неколку години, со тоа докажавме дека вратата на НАТО е отворена, Македонија и Црна Гора се нови земји членки, но имаме и партнери во другите земји од регионот и уште го имаме КФОР во Косово, присутни сме и продолжуваме да помагаме да го стабилизираме регионот“, изјави Столтенберг во интервју посветено на иднината на НАТО во наредните 10 години.

Аналитичарот Јовановски цитирајќи го Столтенберг истакна дека Заев е визионер и без него членството во НАТО не би можело да се случи.

-Еве, можело. Само требаше некој добар и визионер како него, вели Столтенберг, а го Цитира Јовановиќ.