дома Македонија СТОЛТЕНБЕРГ: Македонија ќе стане членка на НАТО за неколку недели

СТОЛТЕНБЕРГ: Македонија ќе стане членка на НАТО за неколку недели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција со претседателот Зоран Милановиќ денеска во Загреб објави дека Македонија ќе стане членка на Северноатлантската алијанса за неколку недели. Тој и се заблагодари на Хрватска за поддршката на нејзината политика на отворени врати.

Го поздравуваме фактот дека Хрватска е силен поборник за политика на отворени врати на НАТО. И наскоро, за неколку недели, Македонија ќе стане 30-та членка, што укажува дека нашата врата останува отворена, рече Столтенберг на конференцијата за медиуми по средбата со Милановиќ.

Хрватскиот претседател истакна дека неговиот „стар познаник и пријател” Столтенберг бил првиот постар гостин на Пантовчак во неговиот мандат, потсетувајќи дека неговата дипломатска кариера започнала во тој сојуз.