дома Свет Столтенберг: НАТО ќе ја поддржи авганистанската влада колку што е можно повеќе,...

Столтенберг: НАТО ќе ја поддржи авганистанската влада колку што е можно повеќе, безбедноста на нашиот персонал е најважна

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, нагласи дека алијансата ќе го задржи своето цивилно дипломатско присуство во Авганистан, додека се обидува да ја поддржи авганистанската влада и безбедносните сили во пресрет на офанзивата на талибанците.

„Нашата цел останува да ги поддржиме авганистанската влада и безбедносните сили што е можно повеќе. Безбедноста на нашиот персонал е најважна. НАТО ќе го задржи дипломатското присуство во Кабул и ќе продолжи да се прилагодува по потреба”, наведе Столтенберг, во изјавата по средба на претставниците на НАТО.