Столтенберг ја предупреди Русија: „Упадот во Украина ќе има своја цена“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја предупреди Русија дека секој обид за упад во Украина ќе има своја цена, бидејќи расте загриженоста за руското зголемување на трупите во близина на украинската граница.

Украина соопшти дека Москва држи околу 90.000 војници во близина на нивната заедничка граница по големите воени вежби во западна Русија на почетокот на оваа година.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека единиците на руската армија останале во близина на Јелња, на околу 260 километри северно од границата.

Москва негира дека планира каков било упад и одбива да даде детали за движењето на нејзините војници на своја територија.

-Доколку Русија употреби сила против Украина, тоа ќе има цена, ќе има последици, рече Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Летонија, што ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември, а каде едно од главните прашања во дневниот ред ќе бидат активностите на Русија.

Столтенберг кажа дека е ова вторпат годинава Русија да натрупува сили во регионот и дека во тоа се вклучени тенкови, артилерија, оклопни единици, беспилотни летала и системи за електронско војување, како и војници подготвени за борба.

-Таа воена акумулација не беше испровоцирана и нема објаснување за тоа. Тоа ги зголемува тензиите и создава ризик од правење грешки, рече Столтенберг.

Според него, непознати се намерите на Русија, која и претходно ја нападна Украина, анектирајќи го Крим во 2014 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This