дома Европа Столтенберг ја oбвини Белорусија за државно kиднaпиpaње

Столтенберг ја oбвини Белорусија за државно kиднaпиpaње

Присилното слетување на патнички авион на барање на белоруските власти има обем на државно киднапирање, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој повика на итна меѓународна истрага и ги повика белоруските власти веднаш да го ослободат белорускиот новинар Роман Проташевич.

„Тоа е државно киднапирање и покажува дека властите во Минск ги напаѓаат основните демократски права и ја потиснуваат слободата на говорот и независноста на медиумите“, истакна Столтенберг.

Столтенберг рече дека ги поддржува европските санкции против Белорусија.

„Итно е потребна меѓународна истрага. Новинарот Роман Проташевич и неговата придружничка Софија Сапега треба веднаш да бидат ослободени”, рече Столтенберг.

Западните сили се подготвуваат да воведат санкции кон Белорусија и да ги прекинат летовите кон таа земја откако белоруски борбен авион пресретна патнички авион на „Рајанер“ и го придружуваше до Минск, каде што беше уапсен новинарот.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, го осуди потегот на Белорусија да пресретне патнички авион на „Рајанер“ и да ги уапси новинарот Роман Проташевич и неговата девојка. Бајден ги замоли своите советници да му презентираат опции за одговорните да сносат последици.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека САД силно ги поддржуваат барањата на белорускиот народ за демократија, човекови права и основни слободи.