Стојанов: Имам 10 топ проекти за Неготино, меѓу кои 24 часовно водоснабдување во градот, гасификација, реконструкција на стариот и дотраен плоштад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Стојанов, кандидат за градоначалник на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во своето обраќање пред неготинчани рече „мора да знаеме дека кога нешто сакаме, го сакаме заради тоа што визијата за него ќе ја претвориме во мисија, а потоа во дело, јас го сакам Неготино и се обврзувам да направам сè најдобро за него за да бидеме пример за идните генерации, за тоа колку сме придонеле за градот, а не колку сме го оштетиле додека сме управувале со него”.

Стојанов се осврна на десетте основни столба од Програмата за подобро Неготино. Првиот столб е Неготино, зелен град, изградба на голем парк кај спортската сала „Младост” затоа што покрај зелените површини и зони за одмор, планирано е да се изгради и фитнес-зона, како и патеки за велосипедизам, пешачење и слично. Вториот столб или топ-проект, со цел реконструкција на водоводната мрежа, откривање и решавање на долгогодишниот проблем со огромните загуби на вода, обезбедување дополнителна количина на вода во водоводот со што ќе се обезбеди непречено 24-часовно водоснабдување во градот и во текот на летните месеци, како и следење на водоводната мрежа преку нови системи. Индустриска развојна зона во село Црвени Брегови е како трет столб во Програмата зашто Неготино е во центарот на Македонија и ги има сите атрибути потребни за успешно работење на секој инвеститор. Четвртиот столб се однесува на изработка на целосна техничка документација за секундарна и терцијарна гасификација на општина Неготино, како за домаќинствата, така и за индустриските капацитети. Петтиот столб или проект се засновува врз ангажирањето за целосна реконструкција на игралиштето зад спортскиот центар „Младост”, со нова подлога и трева на игралиштето. Покривање на градскиот пазар со кровна конструкција, осветлување и набавка на нови тезги, е шестиот столб од нашата програма, на кој што јас и мојот тим на кандидати за советници се обврзуваме. Многу важен момент е изградбата на фекална канализациона мрежа во село Црвени Брегови и село Дуброво, изградба на бунари во село Војшанци и село Тремник, нови пумпи во село Курија, што го претставува седмиот проект во програмата. Осмиот проект ја вклучува реконструкцијата на центарот на градот, реконструкција на стариот и дотраен плоштад, со што ќе се добие нов изглед привлечен за сите генерации. Комплетното инфраструктурно уредување на Урбана заедница 8 е целта на деветтиот столб. Како десетти е изградба на кружен тек во центарот на градот и кружен тек на влезот во Неготино од страната на Кавадарци со што ќе се намали градскиот метеж.

„Сите овие столбови на програмата, овие 10 топ-проекти, се зацртани како главни и приоритетни, а нашата програма вклучува многу повеќе, повеќе сугестии од граѓаните и повеќе проекти и цели на кои се обврзуваме дека ќе бидат исполнети многу пред завршување на мојот 4 годишен мандат”, рече Стојанов.

Стојанов се обврза дека ќе дадам сè од себе за да се врати сјајот на Неготино.

„На 17 октомври заокружуваме број 7, за нашето преубаво Неготино, за нови проекти, за реални промени, и за голема победа на жителите на општина Неготино”, порача Стојанов.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This