дома Македонија Стојаноска: Денес да се собереме и да му порачаме на Заев под...

Стојаноска: Денес да се собереме и да му порачаме на Заев под итнo ocтавка и пpeкин на пазapoт кој што го подготвува

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес се вклучи во емисија „Студио 10“ на телевизија 24 каде што ги повика граѓаните на денешниот протест да се приклучат за да му кажат на Заев доста е со продажбите на националните интереси, време е Заев да стане историја.

„Денес ќе правиме блокада пред Влада на Република Македонија и министерството за надворешни работи. Блокадата ќе биде со возила и ги повикуваме сите граѓани на Македонија без разлика на нивна национална, партиска припадност и сите оние кои што не се согласуваат со ова последна продажба од страна на едно лице, а тоа е Зоран Заев, да ни се придружат и заеднички да ја изодиме оваа битка. Која што е битка за идентитетот и за опстојувањето на Република Македонија како држава“, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека протестот ќе се одвива со автомобили. Автомобилите ќе останат паркирани пред двете државни институции Владата и министерството за надворешни работи.

„Од 12:30 до 14 часот протестот ќе се одвива, се со цел да го покажеме нашиот револт и нашето несогласување со оваа продажба која што ја врши во моментов Зоран Заев за сопствената држава и за сопствениот народ“, нагласи Стојаноска.
Стојаноска посочи дека Заев се дрзна да посегне по државните интереси да ги стави на тезга за свои лични интереси. Време е да се стави крај на ваквата лицемерна политика на Заев. Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува оставка на Заев, слобода на граѓаните.
„Порака е дека бараме под итно оставка на Зоран Заев и прекин на пазарот кој што го подготвува. Оставка бара народот од Зоран Заев, а не само ВМРО-ДПМНЕ. Оставка затоа што го понижи македонскиот народ и затоа за него не е света Македонија“, рече Стојаноска.