дома Политика Стојаноска: Мицкоски можеби ќе биде единствениот кандидат за втор мандат за претседател...

Стојаноска: Мицкоски можеби ќе биде единствениот кандидат за втор мандат за претседател на ВМРО

Во емисијата „24“, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека сегашниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски можеби ќе биде единствениот кандидат за втор мандат за претседател на партијата.

 Со оглед на последните резултати на локалните избори каде извојувавме убедлива победа, не гледам причина зошто Мицкоски не би останал да кормилото на партијата и да го искористи и вториот мандат. – рече Стојановска.