April 24, 2024, 11:22 am

Стојаноски: Новата Доктрина на ВМРО-ДПМНЕ значи дека партијата е отворена за сите граѓани кои сакаат заеднички да изградиме силна, економски просперитетна и достоинствена Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата Доктрина на ВМРО-ДПМНЕ е нашиот идеолошки тек, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува во наредниот период. Имаме 16 теми, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави во надворешната политика, во труд и социјала, економија, она што е новитет е дека енергетиката ќе биде како еден од стратешките приоритети, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ станува партија во која може да се пронајдат сите граѓани без разлика на верска или национална определба, а кои имаат иста цел а тоа е богата, просперитетна и достоинствена Македонија, изјави за вестите на Алсат М телевизија, пратеникот Бојан Стојаноски.
Стојаноски истакна дека после 4 години турбулентен период и ВМРО-ДПМНЕ успеа да стане партија која што има најмногу градоначалници, советници, но и партија со најголема пратеничка група и сега се отвора за сите луѓе кои сакаат промени во Македонија.
– ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за сите луѓе кои се квалитетни, а коишто сакаат да ги донесат промените, затоа што интересот и постоењето на ВМРО-ДПМНЕ е да ја направи Македонија подобро место за живеење за сите граѓани. Да направиме силна и економски просперитетна држава, рече Стојаноски.
Тој потенцираше дека на последните локални избори видовме дека народот ја делигитимираше оваа власт и затоа најлогично е да имаме предвремени парламентарни избори после кои ќе се формира влада предводена од Христијан Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This