Стојкоски: Во Ѓорче Петров затекнавме лоша финансиска состојба, многу проблеми и неквалитетно завршени предизборни проекти, затоа мораше да делуваме веднаш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во гостувањето на утринската емисија на Телма истакна дека во општината затекнал многу лоша финансиска состојба и голем број на проблеми, како и неквалитетно изработени проекти кои се правеле набрзина во предизборниот период. Тој истакна дека токму поради тоа морало веднаш да се делува со работа и веднаш да се решаваат проблемите.

– Нема многу време за чекање, мораше одма да се почне со работа, имаше многу проблеми во општината и затоа делувавме веднаш со општинските служби во насока на решавање на проблемите. Затекнавме недовршени проекти, луѓето беа оправдано незадоволни, имаше недоволно квалитетно изградени улици, канализација кои се изведувале набрзина во предизборниот период, таков случај имавме викендов во Волково каде пропадна патот каде претходно била поставена канализациона мрежа и делувавме веднаш да го санираме проблемот, потенцираше Стојкоски.

Тој посочи дека овие проблеми се многу важни за луѓето и доколку не се решат веднаш тие се наталожуваат и стануваат многу поголеми и чинат поскапо за да се решат, а како најголем проблем во моментов во општината посочи дека е финансиската состојба.

– Најголем проблем е финансиската состојба и ликвидноста на општината. Ние сме во период на носење на буџетот и се соочивме со проблем за средствата. Од една страна ги имаме проблемите и барањата на граѓаните кои се наталожувале со години, од друга страна реалните средства со кои може да располага општината. За жал тие нема да бидат многу големи и ќе се насочиме пред се на стабилизирање на финансиската ситуација и неколку капитални проекти, рече Стојкоски.

Стојкоски нагласи дека граѓаните очекуваат инфраструктурни проекти како улици, а за жал во 21 век во Ѓорче Петров имаме улици кои немаат асфалт и затоа за најкритичните места ќе се делува веднаш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This