April 20, 2024, 12:55 am

Стојкоски: Крајно време е да ставиме крај на поделбите, да ставиме крај на лошите одлуки и да го направиме Ѓорче модерна и урбана општина со решени основни проблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Благодарам за големата поддршка, ви благодарам за енергијата, многу народ има вечерва во паркот во Ѓорче Петров. Јас сум Александар Стојкоски, ваш сосед, ваш пријател, еден од вас. Со ваша поддршка ќе бидам и ваш иден градоначалник. Ние ѓорчепетровци сме честити и домаќини луѓе“, истакна Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров на денешниот настан одржан во паркот во Ѓорче Петров.

Стојкоски додаде дека е силно мотивиран да работи за сите луѓе, без притоа да се води сметка за нивниот политички ангажман и за нивната партиска припадност. Силно е мотивиран да го вклучи сиот човечки потенцијал, интелектуален потенцијал на секој граѓанин од Ѓорче Петров во развивањето на општината.

„Силно сум мотивиран да дадам се од себе за да победиме и да направиме функционална општина во која секој еден од нас ќе се гордее. Крајно време е да ставиме крај на поделбите, да ставиме крај на лошите одлуки, да ставиме крај на лошите решенија. Јас лично ќе водам позитивна кампања за тоа што силно верувам дека во кампањата треба да бидеме тоа што вообичаено сме. А, јас од тоа нема да отстапам. На моите политички опоненти ќе им посакам добро здравје и достоинствена кампања“, нагласи Стојкоски.

Стојкоски посочи дека Ѓорче Петров заслужува да биде модерна и урбана општина со решени основни проблеми. Ѓорче Петров треба да биде општина пример за другите.

„Што може јас да ветам? Можам да ветам многу работа, достапност, посветеност, соочување со проблемите. Можам да ветам реални решенија, можам да ветам реализација на многу нови проекти во сите делови на Ѓорче Петров. Континуирана работа, а не кампањски или само пред избори, за тоа што лично сметам дека тоа е нечесен однос кон граѓаните. Уште од првиот ден ќе работам како за една недела да има избори, а не како за четири години. Иднина и енергија – тоа ќе биде моето носечко мото“, порача Стојкоски.

Стојкоски рече дека во наредните четири години тој и неговиот тим ќе го сменат ликот на општината Ѓорче Петров.

„Не би сакал Ѓорче Петров да се претвори во спална соба како некои други делови од градот Скопје“, укажа Стојкоски.

Стојкоски додаде дека неговата визија е на три столба, и тоа се одржливо управување и заштита на животната средина, технологии и иновации во функција на достапноста на сите граѓани, и одржливо планирање и реализација на постоечката и нова инфраструктура.

„Сакам да направиме општина во која што ќе има функционален систем, во која што нема да има потреба да се бараат врски за уписи во детски градинки, нема да треба да се бараат врски за уписи училишта или да мора да имате врски за да добиете основен документ од општината. Не може повеќе така и мора под итно да се промени. Мојот фокус како и секогаш ќе биде здравјето на сите луѓе, преку заштита и развој на животна средина и преку промоција на многу нови проекти за подобрување на јавното здравје во општина Ѓорче Петров. Ќе предвидиме развој и реставрација на над 20.000 м2 површина нови паркови низ целата општина, ветувам и нов централен парк кој ќе биде најубав во целиот град. Доста е од високи згради и окупирани тротоари, време е за паркови“, порача Стојкоски

Стојкоски посочи дека спортот ќе доживее ренесанса во општината Ѓорче Петров. Стојкоски вети нови трим патеки, две трки, реализирање на спортски центар во Хром, нови тениски терени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This