Стојкоски со учениците за Светскиот ден на детето: Имаат право да бидат слушнати и слободно да кажат свое мислење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров, со посета во училиштето „Ѓорче Петров“ ја одбележа Светската недела на детето. Со одговарање на прашања од учениците, но и зборувајќи за важноста на другарувањето, Стојкоски посочи дека младите имаат право да кажат свое мислење и да бидат слушнати.

-Сите деца и млади ги имаат истите права, имаат право на најголем можен степен на здравје, право на бесплатно основно образование, слободно да го искажуваат своето мислење и да бидат слушнати. Децата и младите имаат право на добро воспитување. Наша должност е да ги воспитаме и образуваме во духот на толеранцијата и прифаќање на различностите, да ги научиме како да одбегнуваат конфликтни ситуации. Овој ден нека биде поттик за сите кои работат со децата или во интерес на децата во вашето училиште посериозно и пoпoсветено да продолжат со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата, посочи Стојкоски.

На Светскиот ден на детето, Стојкоски посочи и дека неизбежно е да се истакне дека сите заедно треба да работиме на развивање на свеста за толеранција кај децата.

-Да  создаваме амбиент на соживот, почитување на различностите со цел создавање на општетсво во кое секое дете ќе знае дека дијалогот, а не насилството е основа за решавање на кој  било проблем. Тука сум за Вас, пред сите предизвици, како ваш најголем пријател и сојузник да ги решаваме прашањата кои не засегаат. Вие сте идните носители и промотори во развојот на државата. Бидете среќни секој ден, секој од вас има своја желба, соништа и своја страст.  Секој ден нека биде вака убав, како денешниов, додаде градоначалникот Стојкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This