Стојкоски: Ѓорче Петров e цeлocнo зaпocтaвeнa oпштинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѓорче Петров заслужува да биде модерна и урбана општина и тоа беше еден од мотивите да се нафатам на ова, вели кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.

Тој во интервју за „Република“ вели дека во моментов Ѓорче Петров е целосно запуштена општина, како од инфраструктурата па се до парковите и зеленилото. Стојкоски смета дека Ѓорче Петров има голем потенцијал за развој, но жал во овој момент општината тоа не е поради незаинтересираноста на локалната власт.

-Долго време веќе сме на терен и имаме детектирано повеќе од 1.300 проблеми и ги разгледуваме. Се гледам со граѓаните, правам надпартиски посети, се среќавам со различни луѓе. Ова е процес во кој ние треба да ги одвоиме приоритетите од сите овие идеи бидејќи не можеме да ветиме се. Сакаме да направиме вистински избор на приоритетни проекти. Граѓаните најмногу реагираат на основните потреби, на нивото на хигена, дека сметот не се собира доволно често. Реагираат и на запуштувањето на зелените површини и на детските игралишта. За жал во изминатиот период не е направено ниту едно ново игралиште-вели Стојкоски.

Во делот на канализација, кандидатот објаснува дека проблемот се јавува во руралните делови како Волково, Стопански двор, Кисела Јабука, и селото Ново Село. Затоа, ветува дека ќе излезат со конкретни решенија и оти за време на неговиот мандат во општината да нема ниту една улица со кал.

Стојкоски вели дека во Ѓорче Петров има интерес за градење, и оти најголем интерес има во населбата Хром и таму има најмногу поплаки од граѓаните.

-Бројот на жители е многу предимензиониран во однос на тоа што го имаме како постоечка инфраструктура-објаснува Стојкоски.

Стојкоски вели дека веќе почнал со неформални средби со граѓанит и оти сака да собере што е можно повеќе идеи за да имаат време да понудиме конкретни решенија.

-Ќе се фокусираме со изградба на нови зелени површини, во ревитализација на постоечките.Разгледуваме и каде би можеле да се изградат уште две детски градинки бидејќи тоа е сериозен проблем.Потребно е и планско планирање и развој бидејќи ако немаме планско планирање ќе нема општината од каде да црпи средства за да ги покриваме сите други проекти-вели Стојкоски .

Оценувајќи ја работата на досегашниот градоначалник, Стојкоски смета дека над 90 проценти од неговата програма не е реализирана.

-Ако може да стане збор за програма јас како обичен граѓанин сметам дека Ѓорче Петров е целосно запоставено-дециден е Стојкоски.

Стојкоски е убеден дека кој и да му биде противкандидат ќе одат на победа на изборите.

-Јас сум сигурен дека ќе победиме-вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This