дома Спорт Стојоски со историски успех за македонската атлетика

Стојоски со историски успех за македонската атлетика

Членот на атлетскиот клуб Охрид, Стојоски во финалето успеа да го подобри времето од полуфиналната трка за една стотинка, неговиот резултат во финалето е 47.01 секунда.

Секако и самиот пласман во финалето на ЕП е одличен успех, а ретко гледаме наши атлетичари во финалните трки да се боpат за медал на големите натпреварувања.

Првото место му припадна на Саиди Фабрисио (Франција) со време од 45.79, втор беше Калмерс Камерун (Велика Британија) со време од 45.92, додека бронзениот медал му припадна на Лопез Брајан (Италија) со време од 46.16.

Претходно во полуфиналната група го освои третото место со резултат 47 секунди и две стотинки.

Стојоски во Гавле настапи и во дисциплината 200 метри, но не успеа да ги помине квалификациите, постигнувајќи време од 21.64 секунди.