Сто паркови, 90 спортски сали, 150 училишта – во програмата на секој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ има проекти за секого

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се подготвуваат за опозиција, па уште сега речникот им е таков. Заборавија дека 4 години се апсолутна власт каде имаа можност да покажат дека ќе донесат живот и развој, но донесоа криминал, корупција, измами, предавства, распродажба, го засрамија сопствениот народ. Народот се разочара, се сели, селата се празни, а почнаа да се празнат и градовите. Сите не поминаа на Балканот, Европа веќе за нас е недостижна цел, тапкаме во место не вратија неколку чекори наназад, човек срам да го фати од оваа неспособност, од ова неработење раководено од СДСМ, Зоран Заев и неговите малечки зоранчиња, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизбрен митинг во општина Демир Хисар.

Тој нагласи дека потребни се победи како тие кога кога ќе ги срушиме ѕидовите помеѓу нас, кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе погрешиме да признаеме и да ја исправиме грешката и да се извиниме

Победа да создадеме вредности, да има одговорност, да не се откажуваме, да создавате, да работиме да одиме напред. Со заеднички патриотизам ќе ја победиме заедничката мака и ќе создадеме иднина, да ги победиме криминалот, корупцијата, неправдите. Тоа е содржано во програмата на секој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, каде има повеќе од 14.835 проекти, најмалку 2.000 улици, проекти за секого, за реалните потреби на граѓаните кои потекнуваат од нивните потреби, 100 градинки, 150 училишта, 100 паркови, инвестиции во 60 објекти од културата, 90 спортски сали, гасификација и уште многу други проекти, изјави Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This