дома Временска Прогноза СТРАЖА ВО МОМЕНТОВ: Завеани возила, блокиран сообраќај, сеуште нема екипи на „Македонија...

СТРАЖА ВО МОМЕНТОВ: Завеани возила, блокиран сообраќај, сеуште нема екипи на „Македонија пат“

Поради врнежите од снег сообраќајот кај превојот Стража во текот на целиот ден се одвиваше со потешкотии. На социјалните мрежи граѓаните кои се затекнале на лице место споделуваат фотографии од кои може да се забележи колона од возила.

Од АМСМ инфомираат дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар.