СТРАНЦИТЕ ГИ ДИСЦИПЛИНИРААТ ДУИ: Го искарале Османи за Законот за јазици и за нападот на полицајката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставници на странска амбасада вчера се сретнале со високи функционери на ДУИ во Секретаријатот за европски прашања, објави Макфакс.

Според „Макфакс“ средбата била неофицијална и прилично тајна и на истата присуствувале вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика. Средбата се одржала зад затворени врати, откако вработените од кабинетот на Османи биле порано ослободени од работните обврски поради празникот 8 Март.


Долготрајната средба меѓу Османи, Лика и претставниците на странска амбасада доаѓа во време кога ДУИ инсистира на носење на Законот за јазици, но и сè посилните тонови од странците дека тој закон не е приоритет за Македонија, туку приритет се реформите.
Посетата на претставници на странската амбасада доаѓа и во време на силен притисок на јавноста и критика кон ДУИ за последниот инцидент со полицајката и Бекир Асани. Дали странците ќе бараат ДУИ да се огради од некои нејзини функционери, не е познато.

Вицепремиерот Бујар Османи не одговарал на телефонските повици од „Макфакс“. За средбата нема информации ниту на официјалната страница на Секретаријатот, каде што вообичаено се пишува за сите средби и состаноци на Османи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This