дома Актуелно СТРАНЦИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ НА КЛОЦИ ОД МАКЕДОНИЈА: Единствен политички фактор во државата...

СТРАНЦИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ НА КЛОЦИ ОД МАКЕДОНИЈА: Единствен политички фактор во државата во моментов е само црвено-жолта Македонија!

Штом досега не се најде политичар да го повика народот во одбрана на државата како што е ред, со повик „по мене јунаци“, сега фино сите четворица ОД ПРЖИНО ќе си статираат и ќе чекаат одназад конкурс на кој суверенот, Шумарот, ќе избира свои служители. На фино организирани избори и локални и парламентарни. Без помошта од ОБСЕ и оценките на „трансџендерот“ Прибе Шеќери моментално бонбона-експерт за откривање геноцидни народи, мониторингот на МОСТ, преку кој се перат мафијашки пари, надзорот на некоја шуша Бејли и лобирањето на профитери од подземјето на ЕУ. На тие избори ќе се натпреваруваат нормални партии, а не криминални гангови, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Сега политички фактор е само црвено-жолта Македонија.

– Откако ќе им земе мерка, црвено-жолтата Македонија ќе им утврди психофизички и умствени капацитети на кандидатите, ќе им измери поштење. Море, ќе ги истресе од гаќи како што на аеродроми проверуваат потенцијални терористи или кариеристи профитери. Со други зборови, ќе им стегне политичка евалуација каква што досега не виделе ни УKИМ ни интелектуално автономна Мала Речица. Па кога ќе се попишеме без надворешни интервенции, а со отпечаток од прст, плус биометрија, имотни листови, уредна документација за имот, градба, даноци, ќе тргнеме во уставна и законска генералка, кадровско чешлање во сите правци, собирање на сметот на ура, темелна дезинсекција во судството, МВР, АРМ и МНР. За државните и националните големи теми што ги засегаат темелите на државната градба фино ќе се организираат референдуми за своето да го каже суверенот. Политика во затворени естаблишментски мочвари нема да има. Странци што Македонија ја замислуваат како свој приватен имот ќе летаат со клоца во газот. Домашни контракторски наемници и спонзоруши, такуѓере.

– Не можело така? Е, богами овој пат „морално е“. Ова е НОБ, бре! Четврти Илинден! Во Македонија се крчка втор АСНОМ: Јасно? Ова општество нема повеќе да толерира лажни елити, неграмотни интелектуалци, глупи и алчни политичари, самобендисани експертутки, неписмени, а корумпирани ПРЕСтитутки, кодоши и агенти одметници, административни полуинтелигенти, партиски устоличени академици, искомпромитирани владици, воинствени оџи, маскирани учки, демаскирани балисти, соросоиди, недоправени суштества без интегритет, а со тешки карактерни нарушености, пишува Велиновска во својата колумна.