дома Македонија СТРАТЕГИЈАТА ЗА БЕГАЛЦИТЕ БИЛА НА БЕЈЛИ: Премиерот во сенка, Џес Бејли денес...

СТРАТЕГИЈАТА ЗА БЕГАЛЦИТЕ БИЛА НА БЕЈЛИ: Премиерот во сенка, Џес Бејли денес ја прзентирал програмата за вдомување на мигранти во Македонија пред амбасадорите!

Амбасадорот на САД Џес Бејли, човекот одговорен за рушење на Уставниот поредок на Македонија и инсталирање на квинслишката влада на Зоран Заев, денес на својот Твитер профил се пофали дека имал „прекрасна дискусија“ за бегалците и миграцијата

По објавувањето на стратегијата за вдомување и интеграција на мигранти, подготвена од Министерството за труд и социјална политика, и објавениот тендер за изградба на станови за вдомување на 20.000 мигранти од блискиот и среден исток, со парите на Македонските граѓани, денес амбасадорот на САД и премиер во сенка Џес Бејли, продолжи со промоција на проектот во друштво на останатите амбасадори, покровители на СДС.

Станува јасно која е целта на Бејли и неговата влада, и зошто беше исклучително ангажиран околу поставувањето на Заев и СДС на власт наспроти волјата на граѓаните. Целта е спроведување на планот на САД и НАТО, за стационирање на бегалците кои токму тие ги продуцираа во кризните подрачја на блискиот и среден исток, во Сирија, Либија и Ирак, поддржувајќи ги со пари на Пентагон тамошните терористи.

Истите тие терористи, сега се во бегство поради руската офанзива против тероризмот во овој регион, а САД и НАТО бараат слободна територија која би ја претвориле во голем бегалски камп. Како Македонија.