дома Хроника СТРАШНА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Едно лице тешко повредено

СТРАШНА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Едно лице тешко повредено

Едно лице е потешко повредено во железничка несреќа која се случила денеска околу 16:30 часот на пругата кај Новоселски пат.

Според информациите до кои дојдовме, несреќата се случила кога воз кој сообраќал од Скопје кон Генерал Јанковиќ удрил во патнички автомобил „Форд Фиеста“ со скопски регистерски таблички управуван од Д.С.

Од ударот, Д.С. се здобил со тешки повреди, префрлен е на КАРИЛ во Ургентниот центар и е во животна опасност.