дома Хроника СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ПЕТРОВЕЦ: Повредени пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете!

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ПЕТРОВЕЦ: Повредени пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете!

На автопатот Скопје- Велес по патарината Петровец, вчера во 11.50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(62) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од З.Т.(53) од Гевгелија.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле Љ.К. и сопатниците од возилото „југо“, Г.К.(32), С.К.(54) и деветгодишно дете, сите од Скопје кои се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

По укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, додека сопатничката од истото возило Б.К. (36) се здобила со тешки телесни повреди.