дома Хроника СТРАШНИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ВО ОХРИД: Полицијата откри страшни детали за убиството,...

СТРАШНИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ВО ОХРИД: Полицијата откри страшни детали за убиството, познат и идентитетот на жртвата!

Крадецот влегол во станот во кој жената живеела сама, ја нападнал и ѝ задал повеќе смртоносни убодни рани во пределот на главата, вратот и телото. Откако ја убил, ја заклучил влезната врата и избегал

Полицијата сè уште трага по крадецот кој вчера уби жена во Охрид. Според најновите информации од СВР-Охрид, напаѓачот ѝ нанел смртоносни убодни рани на беспомошната жена која живеела сама во станот.

Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димовски, соопшти дека сторителот во текот на вчерашниот ден, во периодот од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, влегол во станот на Спаса Б. (67) на улицата „Галичица“ во Охрид. Тој бил вооружен со нож.

– Откако влегол, ја нападнал и ѝ задал повеќе смртоносни убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите. По извршување на кривичното дело, сторителот ја заклучил влезната врата и незабележан го напуштил станот – соопшти Димовски.

Сторителот е осомничен дека сторил кривично дело разбојништво со последица смрт.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од јавен обвинител при Основното јавно обвинителство – Охрид во содејство со полициски екипи од СВР-Охрид. Денеска врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.

 

Фото:
Telegraf.mk
Радован Вујовиќ