дома Актуелно СТРАШО ОД СКОПЈЕ ГО ИЗВАДИ ОД ПАМЕТ ВАШИНГТОН: Закани за гранатирање на...

СТРАШО ОД СКОПЈЕ ГО ИЗВАДИ ОД ПАМЕТ ВАШИНГТОН: Закани за гранатирање на Владата на Р.М. го стресе Вашингтон и ги израдува соросоидите!

Службите на Владата вчера попладне во Министерството за внатрешни работи пријавиле анонимна закана за гранатирање на Владата.

Според полициски информации, во врска со пријавата од непознато лице на 192, од телефонски број ‎0707258**, дека за 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата на РМ, по превземените мерки пронајдено е иприведено за понатамошна постапка лицето Страшо Јованов од Скопје.

Кај Јованов е пронајден и мобилен телефон со горенаведениот број од кој се јавил на 192. Од првичниот разговор, истиот сакал да привлече внимание врз себе поради незадоволство од некоја за него спорна одлука на општина Гази Баба.

Страшо Јованов вечерва го стресе и Вашингтон, откако американската амбасада во Скопје испратила меил до вработените во амбасадата и американските државјани во Македонија преку кој ги предупредува вечерва да ја избегнуваат зоната околу Владата поради можни инциденти.

Амбасадата за можните инциденти била предупредена од Министерството за внатрешни работи. Ваквата вест веднаш беше пренесена од опозициските медиуми, кои се израдуваа на најави за нарушување на безбедноста.