дома Политика СТРИНИ, ТЕТКИ, ВНУЦИ, ПАРТИСКИ ПОТТРЧКОВЦИ И ШАРЕНИ: СДС со едно гласање сака...

СТРИНИ, ТЕТКИ, ВНУЦИ, ПАРТИСКИ ПОТТРЧКОВЦИ И ШАРЕНИ: СДС со едно гласање сака да постави 138 членови на управни и надзорни одбори!

Со едно гласање, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и советниците на СДСМ во Град Скопје сакаат да изгласаат 138 членови на управни, надзорни и училишни одбори.

Меѓу нив има членови на кабинетот на Шилегов, членови на Шарената револуција, како и активисти на СДСМ. СДСМ ќе ги наградат партиските послушници со нови месечни примања, додека 26 вработени се отпуштија од Градот Скопје.

Иако по деловник треба најмалку 7 дена пред одржувањето на седницата, претседавачот на советот на Град Скопје, Љубица Јанчева на помалку од 20 часа од одржувањето на седницата доставува материјал за најмасовната смена на управни и надзорни одбори во Градот Скопје каде ќе се сменат некаде околу 50 управни и надзорни одбори.