Строги казни за злосторства против животната средина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија се подготвува да идентификува и воведе строги казни против новите еколошки злосторства, како што се нелегалната трговија со дрва, рециклирањето на бродови или употребата на вода, пренесува Агенција Анадолија.

Европската комисија објави нова Предлог-регулатива чија цел е да се осигура дека кривичното право ќе служи за заштита на животната средина, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.

Според тоа, ќе бидат преземени ефективни нови мерки за заштита на животната средина во земјите на ЕУ.

Со мерките ќе се дефинираат некои нови кривични дела против животната средина. Исто така, ќе се разјаснат постојните дефиниции за еколошките кривични дела во кривичното право.

Ќе бидат идентификувани различни нови еколошки злосторства на ЕУ, како што се илегалната трговија со дрва, рециклирање на бродови или употреба на вода.

Меѓу другото, ќе се утврдат минимални казни што ќе се применуваат во земјите на ЕУ за овие кривични дела.

Доколку еколошкиот криминал предизвика смрт или сериозна повреда на кое било лице, земјите членки ќе ги казнат одговорните лица минимум 10 години затвор.

Дополнително, истрагата и следењето на прекуграничните еколошки злосторства ќе бидат поефективни со зголемување на соработката меѓу земјите.

За предлогот да стапи во сила, потребно е одобрение од Европскиот парламент (ЕП) и земјите членки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This