дома Македонија СТРУМИЧАНИ ДИШАТ ОТРОВ: Вечерва е најзагаден град во Европа, загадувањето е 10...

СТРУМИЧАНИ ДИШАТ ОТРОВ: Вечерва е најзагаден град во Европа, загадувањето е 10 пати од максимално дозволеното, Заев и градоначалникот молчат

Струмица вечерва е убедливо најзагадениот град во Европа. Заагадувањето со канцерогените ПМ 10 честички моментно е 493 mg/m3, а максималната дозволена граница е 50 mg/m3.

Се поставува прашањето кој ја труе Струмица, зашто ова се екстремно високи количини на загадување.

Иако е месец мај и пролет, сепак загадувањето е огромно, а ваквото изложување на канцерогените честички ПМ 10 е опасно за здравјето, особено за децата и болните.

Додека Струмица се гуши, премиерот Зоран Заев и градоначалникот Коста Јаневски не преземаат ништо веќе со години.