April 19, 2024, 12:13 pm

Струмички „Тртерол“ земал пари, а не исплатил плата, дали за другарите на Заев не важат законите?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управата за јавни приходи го објави списокот на фирми кои не ги исплатиле плати на работниците иако добиле државна помош за исплата на плати за месец ноември, меѓу кои е и фирмата Тритерол увоз извор ДООЕЛ Струмица која е во сопственост на Лефтер Андонов која важи за близок соработник на премиерот Зоран Заев и власта


Имено, според податоците фирмата за превоз Тритерол добила државна помош од 366.965 денари, но не извршила исплата на средствата на своите вработени.

Во 2016 година истата фирмата Тритерол се најде во центарот на скандал поврзан со општина Струмица и премиерот Зоран Заев, кога во својство на градоначалник на Струмица Заев исплаќал големи средства за услуга која граѓаните не ја добиле, а истата фирма го вршеше превозот кога активисти на СДСМ протестираа во Скопје во 2016 година.
Медиумите пренесуваа дека истата фирма само три години поточно во 2019 година добила дозвола да врши превоз на лица до Сојузна Република Германија. Струмичани за ова коментираа дека Андонов важи за човек од доверба на Заев, а во време кога Заев бил градоначалник фирмата Тритерол но и други фирми на Андонов биле меѓу фирмите кои најчесто добивале локални тендери.

Од она што го пренесуваа медиумите, Лефтер Андонов бил и висок партиски функционер на СДСМ на локално, но и на регионално ниво. Во време кога СДСМ беа опозиција тој ја вршеше функцијата регионален координатор на југо-источниот регион во партијата. Заев кога станал премиер Андонов доби функција советник за транспортна политика во кабинетот на премиерот на Република Македонија, каде беше задолжен за застапување и координација со бизнис-заедницата, како и за подобрување на состојбите во транспортниот сектор во државата. Подоцна во февруари 2018 година Андонов преминува на функцијата управител на Стопанската интересна заедница за патен транспорт СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ.


Фирмите кои не ја исплатиле финансиската помош од владата ќе имаат рок од една недела да го извршат исплаќањето, соопшти вчера директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This