дома Актуелно Струјата поскапува за речиси 20 проценти?

Струјата поскапува за речиси 20 проценти?

Нов ценовен шок за граѓаните најавува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг за новинарите, зголемување на цената на струјата која ќе повлече негативна спирала во економијата.

– Зголемувањето на цената на електричната енергија ќе ја повлече негативната спирала во економијата. Се очекува зголемување на електричната енеригија за најмалку 18.5%, вели Мицкоски.

Тој понатаму во детали посочува како ќе се одвива зголемувањето на цената на електричната енергија.

-МЕПСО, МЕПСО Пазар и ЕВН бараат покачување на цената на струјата кое ако се одобри ќе предизвика зголемување на електричната енергија за 5%. Претпоставувам дека Регулаторна нема да прифати се и цената ќе се зголеми за 2.5%, додава Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека ЕЛЕМ работи со загуба од 16 милиони евра што значи дека ЕВН Хоум ќе мора да ја компензира скапата струја со големо покачување на електричната енергија.

-ЕЛЕМ има загуба 16 милиони евра. ЕЛЕМ минатата година има прозиведено едвај 3 терават часови електрична енергиија, а во време на ВМРО-ДПМНЕ ако се произведеше помалку од 6 терават часови тоа беше скандал. Поради ова, ЕВН Хоум ќе мора да компензира со купување на скапа струја што ќе значи 18.5% зголемување на цената на струјата и ова е во најдобро сценарио бидејќи на овој начин ЕЛЕМ ќе банкротира, вели Мицкоски.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е да се намали ДДВ на струјата на 5%, со што ќе се амортизира ценовниот шок од зголемувањето на цената на струјата.