дома Македонија СТУДЕНТИТЕ СИ СЕ МАЈТАПАТ СО ЗАЕВ: Студентите од ПМФ му купија „Математика...

СТУДЕНТИТЕ СИ СЕ МАЈТАПАТ СО ЗАЕВ: Студентите од ПМФ му купија „Математика за прво одделение“ на лидерот на опозицијата!

Студенти од Природно-математичкиот факлутет во Скопје му испратија оригинален и корисен подарок на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој неодамна по којзнае кој пат се истакна со своите познавања од општата култура односно математиката

На адреса на аболицираниот криминалец Заев кој од математика сигурно знае да побара евро за менувачницата на Вицето студентите од ПМФ испратија виша математика за да покрај евро-пресметките да научи нешто повеќе и да не се резили пред камери како пред неколку дена во интервјуто со Борјан Јовановски.


Заев од студентите на ПМФ на подарок доби Математика за прво одделение која треба да ги надополни сите дупки во знаењето на лидерот на СДСМ, кои се видливи најчесто кога Заев ја отвора устата и од неа излегува глас, иако и со молчење човек може да добие претстава за каков интелектуален калибар станува збор.

Чисто за потсетување, Заев е човекот кој за себе мисли дека Господ го црпнал од нива и го донел во Скопје за да ја води Македонија, но и човек кој е убеден дека ќе освои повеќе албански гласови од било која друга албанска партија, односно од СДСМ ќе направи најголема албанска партија во Македонија. За ваков случај математика за прво одделение не е доволна, туку има потреба сигурно и од некаква хемија, но, од некаде мора да се почне. Браво за студентите на ПМФ.