дома Временска Прогноза Студен ден без врнежи

Студен ден без врнежи

Четврток ни носи релативно студено време. Наутро минималната температура во најголем дел од земјата ќе има вредност помеѓу -1°С и 2°С, односно помеѓу -5°С и -3°С на повисоките места.

Дневната максимална температура ќе има вредност околу 0°С на повисоките места, низ котлините околу 3°С, односно до 6°С во гевгелискиот регион.

Ќе преовладува облачно време низ целата земја. Рано наутро ќе провејува слаб снег во јужната половина на земјата, без речиси никаква шанса за снежна покривка, бидејќи станува збор за сосема слаби врнежи. Можно е да има сосема слаб снег и на планините долж источната граница.

Ќе дува слаб северен ветер.

Навачер облачноста постепено ќе се намалува.

Скопскиот крај очекува воглавно облачно време во текот на целиот ден.

Температура ќе има минимална вредност до -1°С, максимална вредност до 3°С.

Извор:zase.mk